Министерот Кучи оствари средба со амбасадорката на СР Германија, Алтхаузер

21.09.2016 13:17:30

Министерот за економија Дритон Кучи оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, д-р Кристине Алтхаузер. 

На средбата беше истакната одличната соработка меѓу двете пријателски земји, како на економски, така и на политички план.  Заблагодарувајќи се на поддршката што Германија постојано ја дава на Македонија, министерот Кучи информираше дека и покрај политичката криза, првите шест месеци од оваа година имаме прилив од 123 милиони евра странски инвестиции, кои се скоро два пати повеќе во споредба од со иститот период во минатата година. 

„Очекуваме до крајот на годината, бројот и вредноста на странските инвестиции да се зголеми, а со тоа и вработеноста “, рече министерот Кучи, додавајќи дека Македонија има идеални услови за германските инвеститори, кои можат да се приклучат во изградба на дел од проектите, особено од сферата на енергетиката. 

Амбасадорката на Сојузна Република Германија, д-р Кристине Алтхаузер во текот на средбата на министерот Кучи му ја врачи поканата за учество на Регионален економски форум на Комитетот за Источноевропски економски односи на германското стопанство, кој ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Будва, форум кој е дел од Берлинскиот процес.

Скопје, 20.09.2016