Министерот Кучи се сретна со амбасадорот на Словенија Милан Јазбец

07.10.2016 13:10:26

Министерот за економија Дритон Кучи се сретна со новоименуванот амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија проф.д-р Милан Јазбец.

Министерот Кучи ја оцени соработката меѓу двете пријателски држави како одлична и се заблагодари за целата поддршка која Македонија ја добива од Република Словенија во сите сфери. Тој истакна дека Република Словенија е еден од позначајните трговски партнери на Република Македонија, кој е постојано позициониран  меѓу првите 20-те земји со кои Република Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Имено, во 2015 година, таа го  завзема 14-то мeсто, а во периодот јануари – јули 2016 година е на 13-то место на листата на земји со најголем обем на размена. 

Амбасадорот на Република Словенија во Скопје, проф.д-р Милан Јазбец, рече дека Словенија секогаш ја поддржувала  и ќе ја поддржува Македонија во процесот на интегрирање во ЕУ и НАТО, додавајќи дека Словенија најдобро ја разбира Македонија и знае зошто е битно Македонија што е можно побргу да ги заврши реформите и да стане дел од евроатланските структури. 

Кучи и Јазбец изразија задоволство од досегашната соработката во сферата на туризмот, бизнис секторот,  енергетиката, а министерот Кучи побара поддршка од Словенија во делот на подобро искористување на ИПА фондовите.

На средбата беше најавена и посетата на Македонија од страна на министерот за економија на Словенија, Здравко Почивашлек, која треба да се реализира на 19 октомври годинава.

 

Скопје, 07.10.2016