Претседавање на Република Северна Македонија со ЦЕФТА во текот на 2021 година

08.02.2021 15:11:35

Република Северна Македонија во 2021 година претседава со Централно Европскиот договор за слободна трговија- ЦЕФТА 2006. Во Во рамки на претседавањето таа ќе ги менаџира Комитетот за трговски олеснувања, Комитетот на Контакт лица, Поткомитетот за услуги, Поткомитетот за нетарифни мерки со нивните работни групи. Исто така ги води преговорите за Дополнителниот протокол 7 за решавање на споровите во рамки на кое веќе е завршена втората рунда на преговори.

Претседавањето со ЦЕФТА  доаѓа во момент на започнувањето со имплементацијата на Акцискиот план на Заедницкиот Регионален Пазар (Common Regional Market) кој беше усвоен во Софија во ноември 2020год. во рамки на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес од страна на Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Поради тоа приоритетите на претседавањето директно произлегуваат од Агендата на Заедничкиот Регионален Пазар ке бидат основите  за претседавањето на Република Северна Македонија со ЦЕФТА.

Во тие рамки, регионалната трговска област со која  менаџира ЦЕФТА ги опфакаат приоритетите на нашето претседавање кои се однесуваат на слободното движење на стоките, слободна трговија со услугите, отстранување на пречките во трговијата со стоките и услугите, дополнителниот протокол за ресавање на споровите и институционалниот развој на ЦЕФТА структурите.

Во текот на нејзиното претседавање, Република Северна Македонија ќе одржува интензивна соработка со меѓународните институции и регионалните иницијативи со цел унапредување на резултатите на ЦЕФТА преку заедничките проекти и активности.

За таа цел,  Република Северна Македонија како претседавач со ЦЕФТА,  на 9 февруари пред претставниците на членките на ЦЕФТА, претставниците на  Европската Унија, ГИЗ, Светската банка, УСАИД, ОЕЦД, Регионалниот Совет за Соработка , Светската трговска организација, Транспортната заедница,  Коморскиот инвестициски форум на земјите на Западен Балкан И други, ќе одржи презентација за приоритетите на своето претседавање со ЦЕФТА за 2021 година.