Известување за јавна расправа

20.08.2021 14:09:41

Се известуваат сите заинтересирани дека на 27.08.2021 година  (петок) со почеток во 10 часот, ќе се одржи онлајн јавна расправа за нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на Националниот план за енергија и клима на Република Северна Македонија до 2030 година.

Нацрт текстот на Националниот план за енергија и клима на Република Северна Македонија до 2030 година заедно со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на Националиот план за енергија и клима на Република Северна Македонија е објавен  на страната на министерството (www.economy.gov.mk/), во делот стратегии.

Заинтересираните лица кои сакаат да се вклучат на онлајн расправата  потребно е да испратат е маил на следната адреса: goran.nikolovski@economy.gov.mk  најдоцна до 15 часот на 26.08.2021 година, со цел да им биде испратен линкот за вклучување на онлајн расправата.