Известување за јавна расправа

20.08.2021 16:05:23

Се известуваат сите заинтересирани дека на 01.09.2021 (среда) со почеток во 10 часот, ќе се одржи онлајн јавна расправа за Програмата за реализација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и за Извештајот за стратешка оцена на животната средина на Програмата за  реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година.

Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година беше донесена во декември 2019 година. Според член 12 од Законот за енергетика. („Службен весник на Република Македонија“, 96/2018), Владата по донесувањето на Стратегијата за развој на енергетиката, донесува Програма за реализација на стратегијата за период од пет години. Поради настанатата криза со КОВИД -19 пандемијата, настана потреба  за ревидирање на  Стратегијата за развој на енергетика имајќи го во предвид влијанието на пандемијата врз сите економски сектори.

Со цел за реализација на оваа законска обврска, Министерството за економија со техничка помош во рамки на проектот „Градење на позелена и побезбедна иднина за Северна Македонија - поддршка за развој на Програмата за имплементација на Националната стратегија за развој на енергетиката“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на амбасадата во Скопје, и врз основа на наодите од ревизијата на Стратегијата изготви нацрт текст на Програма за реализација на стратегијата за развој на енергетиката и истата заедно со нацрт Извештајот за стратешка оцена на животната средина на Програмата за  реализација на Стратегијата за развој на енергетиката е прикачена на официјалната страна на Министерството (www.economy.gov.mk/), во делот стратегии.

Заинтересираните лица кои сакаат да се вклучат на онлајн расправата  потребно е да испратат е маил на следната адреса: valentina.stradelova@economy.gov.mk  најдоцна до 15 часот на 30.08.2021 година, со цел да им биде испратен линкот за вклучување на онлајн расправата.