Министерот за економија Крешник Бектеши во својот кабинет има ангажирано согласно закон, тројца (3) кабинетски службеници и тоа:
- Насуф Ипчја – кабинетски службеник за економски прашања
- Вјолца Ејупи – кабинетски службеник за финансиски прашања и
- Бранкица Ѓорѓиев – кабинетски службеник за правни прашања
Висината на личниот доход е утврдена со Решение, согласно член 85 став 1 член 86 став 1 алинеја 1, член 87, и член 90 став (4) од Закон за административни службеници и изнесува, за:
- Насуф Ипчја – 82.923.00 денари бруто, односно 54.612.00 денари нето
- Вјолца Ејупи – 82.155.00 денари бруто, односно 54.115.00 денари нето
- Бранкица Ѓорѓиев – 64.974.00 денари бруто, односно 42.982.00 денари нето
Работни задачи/активности:
- кабинетски службеник за економски прашања
дава стручно мислење за инвестициските активности во областа на стратешкото планирање, човечки ресурси, макроекономската политика и други области кои се во надлежност на Министерството за економија, и учествува во успешноста на спроведување на економските политики на министерството.
- кабинетски службеник за финансиски прашања
дава стручни мислења во делот на буџетот на Министерството за економија и негова реализација, се грижи за финансиските текови на инвестиционите програми и други проекти од надлежност на министерството, дава стручна помош и ја следи реализацијата на финансиските движења во министерството
- кабинетски службеник за правни прашања
ги извршува работните задачи од областа на норамтивно – правни работи и други прописи кои се во надлежност на Министерството за економија, и се грижи за законито, навремено, квалитетно и ефикасно реализирање на проектите во надлежност на министерство.