ПОСТАПКИ ВО СЛУЧАЈ НА СОМНЕВАЊЕ НА ЗАРАЗА ОД КОРОНАВИРУС КАЈ ГОСТИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ :
13.03.2020 11:55:54
Во сите објекти во хотелскиот и туристичкиот сектор, важно е да се спроведе и почитува генералните мерки за спречување на пренесување на инфекции.
• Менаџерот во хотелот или друг вработен треба веднаш да контактира со одговорното лице епидемиолог и да пријави осомничен случај, како и да прими упатства за потребните процедури.
• Ако постои сомневање, на лицето кое има симптоми треба да му се понуди хируршка маска и марамчиња.
• Советувајте го персоналот на хотелот да не влегува во просторијата во која има осомничено лице со инфекција.
• Доколку има потреба да се контактира гостинот, треба да се назначи само едно лице кое ќе комуницира со тој гостин.
• Отстранете ги маските, ракавиците и сличната заштитна опрема веднаш по употребата и истата не треба повторно да се користи..
Работниците во угостителските објекти ТРЕБА да носат маски само ако имаат симптоми на инфекција на респираторините органи