Бектеши: Продолжен рокот за аплцирање за грантови за туристичките агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови

23.11.2020 21:42:33

Скопје, 23.11.2020 година   Министерството за економија донесе одлука за една недела да го продолжи рокот за аплицирање за јавните повици за грантови за туристичките агенции, игротеките, рестораните за свадби, ноќните клубови, туристичките водичи како и за поврат на туристичка такса, кои се дел од Четвртиот сет мерки на Владата за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.

Министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија „И што сега“ на Националната телевизија кажа дека оваа одлука е донесена со цел да се излезе во пресрет на туристичкиот сектор и овие средства да бидат целосно искористени.

„Бидејќи во текот на минатата недела откако беа објавени јавните повици за мерките за грантови утврдивме дека доцнат уверенија од Управата за јавни приходи, денеска донесовме одлука рокот за аплицирање да го продолжиме за една недела за да може да аплицираат сите кои што ги исполнуваат условите. Целта на овие мерки е да бидат искористени од оние за кои се наменети. Затоа испланиравме толку средства, знаеме колку лиценци има за рестрани за свадба, колку пари се исплатени за туристичка такса и колку трустички водичи има, врз  тие податоци ние ги програмиравме средствата за овие мерки и има доволно пари за сите“ кажа министерот Бектеши.

На почетокот на минатата недела, како што кажа Бектеши, Министерството за економија објави пет јавни повици за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, грантови за туристички агенции, грантови за категоризирани ресторани за свадби, грантови за игротеки, грантови за лиценцирани туристички водичи за што се предвидени средства во износ од 7,5 милиони евра, а аплицирањето е електронски преку платформата „Дома си е дома“.

Министерот додаде дека со следната година во предлог-буџетот на Министерството за економија се предвидени 250.000 евра за дигитална промоција на туристичката понуда на земјата со цел повтрно да се привлечат странските туристи и да ја посетат Северна Македонија после пандемијата.