Средба на министерот Бектеши со францускиот амбасадор Бомгартнер: Северна Македонија и Франција имаат голем потенцијал за зголемување на трговската соработка

17.12.2020 15:25:22

Скопје, 17.12.2020 година  Министерот за економија Крешник Бектеши  се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер.

Министерот му посака многу успех на Бомгартнер во вршењето на новата должност, пришто се заблагодари за досегашната поддршка од Република Франција во евро-интеграциските процеси на Република Северна Македонија.

Министерот и амбасадорот разговараа за досегашната економска и трговска соработка меѓу двете земји и можностите истата да се унапреди во наредниот период.

Министерот Бектеши се заблагодари за пријателската поддршка од Франција во демократските и евроатлантските процеси на земјава, и истакна дека има голем простор за зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

Министерот го информираше амбасадорот за мерките и активностите кои што ги превзема Министерството за економија и Владата за поддршка на бизнис секторот со цел намалување на негативните последици предизвикани од пандемијата.

Двајцата соговорници се согласија дека има голем простор за соработка меѓу двете земји пред се во делот на инвестициите во енергетиката, посебно кај обновливите извори на енергија.

Министерот Бектеши и амбасадорот Бомгартнер  се согласија да продолжи комуникацијата во насока на подобрување на економските релации и меѓу двете земји и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој на двете земји.