Билатерална средба на државниот секретар Размена Чекиќ-Дуровиќ со Амбасадорот на Унгарија во Скопје Н.Е. Ласло Иштван Дукс

16.02.2021 13:37:31

Скопје, 16.02.2021 година   Билатералната средба на државниот секретар Размена Чекиќ-Дуровиќ со Амбасадорот на Унгарија во Скопје  Н.Е. Ласло Иштван Дукссе оствари во пријатна атмосфера и во функција на подготовка за Четвртата седница на Мешовитата комисија за економска соработка, тело кое е формирано согласно билатералниот Договор за економска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Унгарија, со примена од  2011 година. 

На средбата се договори да се формират бројни работни групи од поедини сектори ( здравство, индустрија и претприемништво, транспорт и врски, енергетика, земјоделство,  туризам и животна средина), имајќи го во предвид интересот на бизнис секторот со поддршка на Мешовитата комисија да ги продлабочат бизнис релациите и да развиваат проекти од заемен интерес. 

Темите за дискусија на работните групи претходно ќе се договорат од страна на претседавачите на работните групи. Четвртата седница беше предложено да се одржи кон крајот на првата половина на 2021 година, во Скопје, по можност на виртуелна седница, а зависно од ковид пандемијата, доколку се створат можности присуство на унгарската делегација во Скопје.