Бектеши на Петтата македонска туристичка берза: Заеднички да работиме по завршување на кризата со пандемијата да го вратиме туризмот во нормала

25.02.2021 15:09:14

Скопје, 25.02.2021 година   Туризмот е една од најпогодените индустрии од од Пандемијата, а заедничката цел и наша и на туристичко-угостителскиот сектор е оваа криза што побрзо да заврши и да се вратиме во нормала.

Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Петтата туристичка берза организирана од страна на Националната асоцијација за дојдовен туризам -НАИТМ.

“Република Северна Македонија е една од земјите која го смета туризмот како прироритетен економски сектор благодарение на природните ресурси и културно - историските споменици, кои привлекуваат многу домашни и странски туристи. Владата на Република Северна Македонија веќе превзеде низа активности во сите Пет пакети на мерки кои што досега ги објавивме,  се со цел во овие тешки времиња да се помогне на туристичката индустија и да се зачуваат работните места.Токму овој сектор беше и најмногу поддржан и опфатен во сите Пет сета мерки. Сакам да испратам порака дека и како министер за економија и како Влада ја следиме ситуацијата и ќе бидеме со овој сектор се до надминување на оваа криза. Токму од овие причини ги охрабрувам сите чинители да продолжат со активности за опоравување и позитивно заедно да настапиме со надеж дека оваа година ќе почнеме да го вратиме надежот кај туристичките работници“ кажа министерот Бектеши во своето обраќање.

На настанот беше присутна и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер. Таа истакна дека и покрај корона кризата голем е ентузијазмот за напредок на туристичката индустрија, како и дека со промоција на секторот ќе ја задржиме државава на светската мапа за туризам.

“Веруваме дека потенцијалот на туристичкиот сектор во Македонија се уште не е доволно искористен. Во текот на изминатите шест години соработувавме со тур-оператори, јавни институции и организации за деловна поддршка за натамошно подобрување на понудата, создавање поддржувачки екосистем за туризам и подобро промовирање на Македонија како туристичка дестинација“, рече амбасадорката Зутер.

Претседелот на НАИТМ, Влатко Сулев во своето излагање потенцира дека петата Македонска туристичка берза е многу важна одлука зашто отворањето на границите е се поблиску и дека туристите веќе ги планираат своите одмори.

Туристичката берза веќе традиционално ги собира сите чинители од туризмот со иста Овогодишното мото на Берзата е “Предизвици за развој на туризмот и дигитализацијата, а предвидена е и конференција за Одржлив туризам.

порака  “Сите сме дел од истата приказна” која ја покажува и општата цел на настанот, а се однесува на зголемувањето на свеста за важноста на туризам во нашата земја.