Средба на министерот Бектеши со новиот амбасадор на Катар Ал-Тани: Има големи можности за зголемување на билатералната трговија и инвестициите од Катар

01.03.2021 15:36:29

Скопје, 01.03.2021 година    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со Јасим бин Хамид Ал-Тани, новиот амбасадор на Државата Катар во нашата земја.

На средбата министерот и амбасадорот разговараа за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Министерот го информираше амбасадорот за потенцијалите кои што ги има Северна Македонија, пред се во делот на привлекување на странски инвеститори, а од амбасадорот беше пренесен интерес за разгледување на можностите за инвестиции во земјава.

Податоците за трговската размена помеѓу Северна Македонија и Државата Катар покажуваат дека има голем простор за зголемување на билатералната трговија.

Според статистичките податоци билатералната размена помеѓу двете земји покажува значителен раст во вкупната трговија за 371,1%, во 2018 и за 55,8%  во  2019 година и благо намалување од 8,9%,  во 2020 година, како резултат на пандемијата, што дава голем простор истата да се подобри во иднина.

На средбата беше констатирано дека во наредниот период заеднички засилено ќе работат за подобрување на соработката меѓу двете земји и создавање на бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Државата Катар.