Работен состанок на државниот секретар Размена Чекиќ -Дуровиќ со претставници од компании од секторот трговија на мало со храна и пијалоци

04.03.2021 16:18:58

Денеска во Министерството за економија се одржа работен состанок со претставници на компании од секторот трговија на мало со храна и пијалоци .

Состанокот го водеше државниот сектретар во Министерството за економија, Размена Чекиќ- Дуровиќ, а присуствуваа и Билјана Додевска, државен советник  за евро интеграции и меѓународна соработка и Илир Шабани, раководител на сектор за меѓународно-трговска соработка во Министерството за економија.

Тема на состанокот беше предлогот на Владата на Северна Македонија за прогласување на „Недела неработен ден“.

На состанокот беа разменети мислања со сопствениците на трговските објекти на мало за храна и пијалоци во делот на Законот за трговија кој што е во надлежност на Министерството за економија.

„Недела неработен ден“ како дел од програмата на Владата на Северна Македонија е приоритет и дел од политиките кои ќе доведат до зголемена социјална рамноправност и заштита на работничките права.

Предлог законот за работни односи, од кој дел е и решението „недела неработен ден“ е се уште во работна верзија и се консултира со сите засегнати страни.