Соопштение за остварената средба на државниот секретар г-ѓа Размена Чекиќ-Дуровиќ со амбасадорот на Република Словенија во Скопје, г-дин Милан Предан

11.03.2021 13:31:21

Средбата се оствари во пријателска атмосфера и се разговараше за подготовка на 12 седница на Мешовитата комисија по Спогодбата за стопанска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, што се планира да се одржи во месец мај 2021 во Скопје.

Согледувајќи ја билатералната трговска размена и традиционалните врски што двете земји ги негуваат скоро 30 години од својата независност, покажува дека нема значаен пад во трговијата во 2020 во време на пандемија. Словенија го зазема 16 место во вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со светот. Вкупната билатерална трговска размена во 2020 година изнесува 213 милиони евра.

Од тој аспект, државниот секретар Размена Чекиќ-Дуровиќ предложи темите за разговор на 12 седница да бидат континуитет од последната седница што се одржа пред 3 години.

Се размени мислење значаен акцент да се даде на продлабочување на економската соработка во областа туризам (искуството во селскиот туризам, спа центри и др.) за што го истакна интересот во рамки на 12 седница да се склучи Протокол за соработка во областа на туризмот. Инвестиците, енергетиката, животната средина, земјодлеството, развојот на индустриската политика и паметната специјализација и др. треба исто така да бидат во опфат на разговорите.