Бектеши и Адеми и Хасани во посета на компании во Куманово: Продолжува поддршката за бизнисот, започнуваме со рамномерна распределба на финансиска помош за компаниите според плански региони

11.03.2021 18:23:44

Скопје, 11.03.2021 година   „Над 100 компании од Куманово и кумановскиот регион добиле над 700 илјади евра директна финансиска поддршка од мерките и програмите кои се реализираат преку Министерството за економија и на Владата. Тоа значи дополнителни инвестиции во периодот после завршување на кризата со пандемијата, но и отварање на нови работни места. Ние остануваме посветени во директна комуникација со бизнис заедницата да креираме мерки кои ќе произлезат од јавно-приватниот дијалог“

Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска заедно со пратеникот во Собранието, Арбер Адеми и заменик-министерот за здравство Илир Хасани беа во посета на повеќе компании од преработувачката индустрија, но и туристичко угостителскиот сектор и занаетчии кои се корисници на мерките кои што минатата година се реализираа преку Министерството за економија.

Министерот информираше дека Министерството за економија почна со реализација не мерките и програмите за 2021 година со објавување на три повици за финансиска поддршка на занаетчии, жени претприемачи и микро и мали компании преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП)

„Сакам да ги повикам сите компании да аплицираат за мерките на Министерството за економија и да ги искористат за набавка на машини, опрема и други инвестиции. Оваа година за прв пат Јавните повици се спроведуваат по принцип на распределба на развиеност на плански региони, за што предност ќе има Куманово и кумановскиот регион како дел од Североисточниот плански регион, тоа ќе значи дека започнуваме со поеднаква распределба на финансиската поддршка низ целата држава„ потенцираше министерот Бектеши.

Пратеникот Арбер Адеми кажа дека дека средбите со бизнис секторот се важни при креирање и концепирање на мерките и програмите во наредниот период и потенцираше дека очекува во наредниот период во најкус можен рок да се донесат законските решенија за реализација на мерките од Петтиот сет.

“Остануваат и други законски решенија во рамки на Петтиот сет економски мерки кои треба да бидат изгласани. Очекувам дека блокадата во Собранието ќе се надмине, бидејќи мерките се во интерес и на бизнисот и граѓаните за што сметам дека ќе бидат донесени во најктраток можен рок“ кажа Адеми.

Во рамки на работната посета во Куманово министерот Бектеши придружуван со пратеникот Адеми и заменик министерот за здравство Хасани ги посетија компаниите Уни Кондор и Кватро кои што беа поддржани со финансиска помош за реализација на инвестиции од Уредбата за финансиска поддршка за конкурентноста на компаниите за време на ковид и пост -ковид периодот, потоа ја посетија компанијата Демир Импекс која е поддржана преку мерката за субвенции за микро и мали компании преку КИП програмата на Министерството за економија.

Ги посетија рестораните за организирање на свадби Елегант и Лилја Тре кои беа поддржани преку мерката за грантови за ресторани за свадби и фризерско-козметичкото студио Бел Епок кое што е корисник на субвенции за набавка на алати и репроматеријали преку мерката за поддршка на занаетчиите на Министерството за економија.