Бектеши на панел дискусија “Нееднаквост во време на корона“ : Државната поддршка преку ковид мерките за бизнисот и граѓаните дава резултати

17.03.2021 14:21:50

Скопје, 17.03.2021 година   При креирање на мерките за справување со негативните последици од пандемијата како Влада бевме во директна консултација со бизнис секторот. Поддршката која што досега ја дадовме беше насочена кон најпогодените компании и граѓани, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на панел-дискусијата во рамки на Конференцијата за ефектите од пандемијата на КОВИД – 19 врз македонската економија која ја организираше Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ).

„Денеска ми беше чест и задоволство да учествувам Конференцијата “Нееднаквост во време на корона” на која беа презентирани ефектите од мерките кои што ги превзема Владата за справување со последиците од пандемијата. Во услови кога целиот свет беше во криза успеавме да им помогнеме на компаниите да ја задржат својата ликвидност и да спречиме раст на невработеноста и во исто време да ги поддржиме најпогодените граѓани. Оваа анализа ќе ни помогне во креирање на мерки во иднина се со цел да ја вратиме економијата повторно на здрави нозе. Оваа анализа има одлични препораки и за нас како Влада за креирање на политики се со цел да го намалиме негативниот ефект на пандемијата од аспект на економијата, но секако дека и други одлични податоци во делот на распределба на средствата било тоа во регионален аспект, било тоа во други области“ кажа министерот Бектеши.

Министерот ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија од Петтиот сет мерки на Владата, но и дел од законските решенија од Четвртиот сет кој што беше донесен минатата година, а сеуште не се изгласани во Собранието.

„Во Собранието се уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги даде своите резултати, но треба да се има предвид дека во Собранието уште стојат законски решенија од четвртиот сет мерки кои се во Комисијата за финансии во делот на докапитализација на македонската банка за развој, но истовремено и во делот на новата мерка за воведување гаранција за извозно ориентираните компании и зголемување на капацитетот на Развојната банка за да дава бескаматни кредити за сите наши компании. Опозицијата ги толкува бројките како што сака. Ги повикувам да ги поддржат сите законски решенија. Ако не ги сакаат овие законски решенија, нека понудат алтернативи за да ги подобриме законските решенија, а не да блокираат“, кажа министерот Бектеши.

Според анализата на Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ) мерките кои беа насочени кон зачувување на работните места дадода ефект.

Предвидувањата на експертите се дека економијата годинава ќе се движи во позитивна насока, но растот на БДП каков што беше пред кризата ќе биде постигнат во 2022-ра со подобри јавни политики и поголемо соодветно трошење, односно спроведување на капиталните инвестиции.

Анализата покажува и дека државната помош е поделена сразмерно, зависно од големината на компаниите, иако тие покажуваат различна добивка зависно од регионот во кој се наоѓаат и тука има значителни разлики. Текстилната индустрија добила најголема поддршка, околу 11 отсто од вкупно проектираните средства, а ефективната поддршка е најголема кај продажбата на мало и големо.Четвртиот сет мерки има значително влијание врз структурата на помошта кај компаниите, па се претпоставува дека ќе има некакво влијание и врз распределбата на доходот