Средба на државниот секретар г-ѓа Чекиќ-Дуровиќ со министер советник во Амбасадата на Романија, г-ѓа Патрициа Радут и г-дин Тибериу Андриоаиеи, заменик претседател на на Романски индустријалисти

06.04.2021 14:14:10

Средбата се оствари во пријателска атмосфера и се разговараше за можните форми на соработка за поддршка на економиите на двете земји.

Согледувајќи ја билатералната трговска размена од 290 милиони евра што двете земји ја оствариле  во 2020 во време на пандемија, каде што Романија го зазема 10-то место во вкупниот обем на трговска размена на Република Северна Македонија со светот,  романската страна ги истакна областите во кои има интерес да се продлабочи економската соработка. Значаен акцент се даде на информатичко-технолошкиот сектор, енергетиката и промоција на туризмот. Романската страна го искажа интересот нивни ИТ компании да соработуваат со наши компании во областа апликации за дигитализација, како и безбедност на податоци. Тур операторите на Романија се заинтересирани да носат романски туристи во регионот, Северна Македонија, Албанија и други дестинации.

Државниот секретар Размена Чекиќ-Дуровиќ ги објасни потенцијалните можности што ги нуди Министерството за економија во енергетиката и туризмот во рамки на своите надлежности, како и поволностите за инвестирање во green field и brown field капацитети.