Одржана Дванаесетата Мешовита Комисија за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија

28.05.2021 14:43:11

Скопје 28.05.2021  Преку аудиовизуелна врска се одржа Дванаесетата Мешовита Комисија за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија.  Со истата претседаваа г-ѓа Размена Чекиќ Дуровиќ, државен секретар во Министерството за економија на РСМ и г-дин Станислав Рашчан, државен секретар во МНР на РС. Двајцата ко-претседавачи констатираа дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија во континуитет се пријателски и без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка на билатерален и мултилатерален план.

Во рамките на комисијата работеа пет работни групи од областа на интернационализација и туризам, транспорт, енергетика, животна средина и просторно планирање, енергетика и земјоделие. Резултатите од работата на работните групи ги презентират претставниците од институциите кои раководеа со секој работна група. Дефинирани се нови можности на идна економска соработка и се договорија нови предлози за оставрување на идни цели за подобрување на условите за економска соработка.

Комисијата помина во одлична работна атмосфера сите учесници го дадоа својот максимален придонес и покрај неможноста за физичко присуство.

Од истата се договорија конкретни следни активности меѓу кои продалбочување на соработката во областа на туризмот по билатералниот Меморандум, каде што се очекува  експертите набрзо да договорот средба за детално да ги разработат активностите во Меморандумот, заедно  со сите чинители од туризмот (туристачката комора, туристички асоцијации и др.) кои директно ќе влијаат да се подготви солидна и квалитетна туристичка понуда. Тука се спомна и Акциониот план во земјоделството за период од 3 години, во кои се дефинирани активности на соработка и кои треба набру да се потпише од министрите за земјоделство на двете земји.

Ко-претседавчите се заложија заеднички да продолжи соработката на сите предлози дадени на комисијата и да продолжи работата на нивно остварување до следната 13-та комисија. Ќе следи потпишување на Протоколот од оваа 12 седница по дипломатски пат со размена на дипломатски ноти.