Бектеши во Топ Тема: Откриени неправилности кај три компании за увоз на мазут, продолжуваме со засилени вондредни контроли за квалитет на течните горива

31.05.2021 09:54:00

Скопје, 31.05.2021 година  Кај три компании се утврдени неправилности во делот на исполнување на стандардите за увоз на мазут и веќе се вратени неколку цистерни со мазут од страна на Царинска управа за неисполнување на стандардот согласно Правилникот за квалитет на горивата, но не во делот на сулфурот, но во другите параметри согласно стандардите, информираше Министерот за економија Крешник Бектепи во гостувањето на Топ Тема на Телма Телевизија.

Министерот информираше дека утре е крајниот рок кој го имаат надлежните институции да достават податоци за информацијата која што беше објавена за увоз на сомнителен мазут во земјата, а откако овие информации ќе се разгледаат од страна на Владата и ќе биде инфомирана јавноста и секако надлежните органи на прогонот, доколку се утврдат злоупотреби.

Министерот информираше дека за она што е во надлежност на Министерството за економија во делот на Правилникот за квалитет на горовата, тие се целосно хармонизирани согласно европските директиви.

“Во изминатите години најголеми реформи беа направени во делот на енергетиката и во Законот за енергетика и Закон за енергетска ефикасност. И ние ја исполнивме нашата задача за услогласување на нашето законодавство што е нотирано и во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата“ кажа министерот и потенцираше дека во делот на законодавството ги имаме сите европски стандарди.

Министерот информираше дека од вчера заедно со Државниот пазарен инспекторат и државната мобилна лабараторија на Битрото за метрологија започнаа вонредни контроли за квалитетот на течните горива.

“Вчера беа направени вондредни контроли кај пет компании за горивата кои ги користат. Не можам да кажувам имиња, но станува збор за најголемите компании во земјата, кои покриваат 80 проценти од пазарот со нафтени деривати во нашата држава“, кажа министерот Бектеши и додаде дека планирани се контроли во сите десет компании кои што работат со трговија на нафтени деривати, а имаат над 300 бензиски пумпи

„Лабораторијата е во функција и граѓаните ќе знаат за квалитетот на течните горива од бензиските пумпи од каде што купуваат. Ние како Влада сме обврзани да им овозможиме на институциите да работат согласно нивните потреби, а тоа е независната мобилна лабораторија, која нема да биде селективна“, кажа Бектеши.