Средба Бектеши-Лиубченко:Поголема либерализација во трговија помеѓу Северна Македонија и Украина ќе биде значаен поттик за зголемување на економската соработка

15.06.2021 17:38:00

Киев, 15.06.2021 година    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работна средба со првиот вицепремиер и министер за економија на Украина, Олексиј Лиубченко.

Тема на разговор на средбата помеѓу министерот Бектеши и неговиот хомолог Лиубиченко беше претстојната Трета седница на Меѓувладината Македонско – украинска комисија за следење на Договорот меѓу Македонската Влада и Украинската Влада за трговска и економска соработка која што ќе се одржи во среда 16 јуни во Киев.

Министерот Бектеши ќе биде ко-преседавач на оваа седница заедно со заменик министерот за економија, трговија и земјоделство Тарас Качка кој е назначен од украинска страна.

Министерот Бектеши истакна дека билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Украина се карактеризираат си меѓусебна поддршка и почитување, и дека традиционалното пријателство помеѓу двете земји претставува предуслов за стабилна основа за соработка која се надева дека ќе продолжи со позитивен тренд и во периодот што претстои сите области од заеднички интерес, а посебно на економски план.

Министерот потенцираше дека како резултат на плодната соработка во последните две години односно пред пандемијата, успеавме за граѓаните на двете земји да им овозможиме безвизен режим за краткорочен престој од 90 дена,  директен авио лет Киев-Скопје и обратно, како и збратимување на 7 општини од Северна Македонија и Украина, што значи дека се интензивира севкупната соработка, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот.

Министерот Бектеши на состанокот потенцираше дека двете земји имаат исти приоритети, а тоа се евро-атлантските структури, при што од секаков вид на взаемна поддршка на патот кон придружување во  евроатланските организации е добредојдена, а тоа се потврдува и со Планот за политички консултации што двете Министерства за надворешни работи го потпишаа пред пандемијата.

Министерот посочи дека оваа година, двете земји во рамки на билатералните односи,  успеаа да договорат нова либерализација согласно Договорот за слободна трговија и изрази надеж дека во најскоро време ќе се потпише таа либерализација, бидејќи е значаен поттик за компаниите да можат да извезуваат голем број на производи кои се домашно производство, без царина или со намалена царина.

Министерот и вицепремиерот се согласија дека понатамошната либерализација на трговијата помеѓу двете земји ќе биде значаен поттик за компаниите од двете земји да можат да извезуваат голем број на производи кои се домашно производство, без царина или со намалена царина