Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи и од областа на безбедност и здравје при работа при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

 


Министерството за труд и социјална политика, Комисијата за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ бр. 20-3456/2 од 19.04.2024 година, по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител. Поради тоа писменото се објавува на интернет страницата на министерството, за:

1. ДТУ БЈУТИ САЛОН МИССЕН Дооел, со седиште на ул. “Петар Попарсов” бр.16, Центар, Скопје како правно лице и       

2.Енида Норнилд, со адреса на живеење на ул. ,,Костурски Херои“ бр.57-11, Скопје, како одговорно лице во правно лице.

Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев“ бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.

Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

                                                                                                                                                                                                                                                             

Комисија за одлучување по прекршок од  областа на работните односи

Мени за пристапност