Советот за безбедност и здравје при работа е експертско советодавно тело од областа, основано од Владата на Република Северна Македонија, во согласност со член 43 и 44 од Законот за безбедност и здравје при работа.Советот го сочинуваат 15 члена, претставници од различни субјекти и заинтересирани страни од областа.
Советот за безбедност и здравје при работа е експертско советодавно тело од областа, основано од Владата на Република Северна Македонија, во согласност со член 43 и 44 од Законот за безбедност и здравје при работа. Советот го сочинуваат 15 члена, претставници од различни субјекти и заинтересирани страни од областа и тоа:
- 4 члена од репрезентативните организации на работодавачи;
- 4 члена од репрезентативните синдикати;
- 3 члена именувани од Владата на РСМ;
- 1 член – претставник на факултет кој спроведува образовна дејност на полето на безбедност при работа;
- 1 член –претставник на факултет кој спроведува образовна дејност на полето на медицина на трудот;
- 1 член – претставник на здружение на стручни лица за безбедност при работа и
- 1 член – претставник на здружение на експерти на медицина на трудот.
Советот за БЗР разгледува и дава мислења и препораки за состојбите во областа на БЗР, стратешки и оперативни документи од областа, за политики за спречување и намалување на повредите на работното место, професионалните болести и други болести и повреди кои се поврзани со работата, за стручните основи за изработка на закони и други прописи за БЗР, за документи на меѓународни организации од областа итн.
Членови на Совет |
Работодавачи (ОРМ) |
Ќире Ицев |
Даниела Китанова (Потпретседател на Советот) |
Борка Петровска |
Тодор Шендов |
Синдикати (ССМ) |
Маја Бошковска |
Мемедали Муареми |
Иван Пешевски |
Миќо Стојановски |
Влада на РСМ |
Ленче Коцевска |
Дарко Дочински (Секретар на Советот) |
Тони Војновски |
Факултет / безбедност при работа |
Јасмина Чаловска (Претседател на Советот) |
Факултет / медицина на труд |
Јордан Минов |
Здружение на стручни лица за безбедност при работа |
Благоја Богоевски |
Здружение на експерти на медицина на трудот |
Сашо Столески |
Документи:
- Деловник за работа на Советот за БЗР;
- Одлука за основање Совет за БЗР („Сл.весник на РМ“ бр.131/09)
- Решение за именување на членови на Советот за БЗР („Сл.весник на РСМ“ бр.29/20)
- Процедура за избор и доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за БЗР
- Решение за изменување на Решението за именување на членови на Советот за БЗР („Сл.весник на РСМ“ бр.73/21)
- Решение за изменување на Решението за именување на членови на Советот за безбедност и здравје при работа ("Сл. весник на РСМ", бр.128/22)
- Решение за именување на Решението за изменување на членови на Советот за безбедност и здравје при работа („Сл. весник на РСМ“, бр.41/23)
Информации поврзани со работата на Советот
- (11.3.2024) На последната Седница на Советот за БЗР (07.03.2024 год.) е усвоен Извештајот за реализацијата и остварените резултати, согласно Акцискиот план за БЗР (2021-2023)
- (20.4.2021) Извадок од Записникот од Седницата на Советот за БЗР, одржана на 30.3.2021 година
-
(8.2.2021) Средба на претставници на Советот за БЗР со Министерката за труд и социјална политика
-
(27.1.2021) Извадок од Записникот од Седницата на Советот за БЗР, одржана на 18.12.2020 година
-
(20.10.2020) Доделени признанијата во Изборот за компанија со најдобра пракса за БЗР 2020
-
(11.8.2020) Извадок од Записникот од Седницата на Советот за БЗР, одржана на 21.7.2020 година