
Марјан Ристески
Заменик министер во Министерство за економија и труд на Република Северна Македонија
Заменик министер во Министерство за економија и труд на Република Северна Македонија
Дата и место на раѓање:
20.02.1972, Прилеп
Дипломиран економист кој најголемиот дел од професионалната кариера го има поминато во локалната самоуправа.
Градоначалник на Општина Прилеп во три мандати.
Член на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).
Извршувал и други значајни функции, вклучувајќи:
Претседател на Економскиот совет – Прилеп
Член на Управниот одбор на Регионалната развојна агенција – ПРЕДА
Член на Заедничкиот консултативен комитет ЕУ – Македонија
Високо образование:
Дипломиран економист на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола
Средно образование:
Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп
Градоначалник на Општина Прилеп
Период: 2005 – 2017
Комунален инспектор во Општина Прилеп
Периоди: 1998 – 2005 и 2017 – 2024
Освен македонскиот мајчин јазик, зборува и англиски јазик.
Оженет, татко на едно дете.