Економско-социјален совет
Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата на РМ и социјалните партнери за водење на социјален дијалог, заради создавање на услови за економска и социјална стабилност и остварување на темелните вредности на РМ како демократска и социјална држава.
Потписници на Спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет се Владата на РМ, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи.