МИСИЈА
Министерството за економија и труд работи на создавање на услови за развој на индустријата, на кластерингот и вклучување на македонските компании во мрежата на глобални добавувачки ланци, развиен претприемачки сектор, развој на угостителството, креирање и интеграција на единствен пазар во ЕУ, креирање на мерки и политики за вработување, подобрување на пазарот на труд и заштита на работничките права.
ВИЗИЈА
Република Северна Македонија со развиена функционална економија, која ќе продуцира нови работни места, поголема ефикасност, продуктивност и конкурентност на компаниите, зголемување на извозот и пораст на инвестициите, повисок животен стандард и подобар живот за сите граѓани на Република Северна Македонија.
ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД
1.Поддршка и развој на мали и средни претпријатија
- Поддршка на домашните претпријатија, пред сѐ на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) и занаетчиите;
- Подобрување на деловното опкружување за раст на микро, малите и средни претпријатија (ММСП);
- Динамичен екосистем на претприемништво и иновации;
- Конкурентни ММСП како двигатели на инклузивниот економски раст.
2.Развој и подобрување на конкурентноста на македонската индустрија, инвестициона политика и општествена одговорност
- Поддршка на развој и подобрување на конкурентноста на македонската индустрија;
- Подобрена деловна клима за водење бизнис и зајакнат меѓуинститиционален дијалог во функција на креирањето на политиките, мерките и активностите за индустриската политика;
- Унапредување на вештини и знаењата на фирмите преку обуки за нови технологии, нови предизвици и барања на пазарот;
- Поддршка на преработувачката индустрија – развој на зелени индустии со воведување на концептот на циркуларна економија и одржливост;
- Поддршка на економијата преку развој, промоција и имплементација на инвестициска политика - Финансиска поддршка на инвестициите;
- Поддршка на зајакнување на извозна спремност и промоција на извоз;
- Поддршка на зајакнување на соработка академија и бизнис;
- Зајакнување на капацитетите на лабораториите за поефикасна поддршка на бизнис секторот;
- Унапредување на концептот и практиките за општествена одговорност.
3.Развој на угостителството во Република Северна Македонија
- Зголемување на бројот на домашни и странски туристи, раст на приходите од туризмот, со крајна цел зголемено учество на туризмот во вкупниот БДП на земјата;
- Унапредување на меѓународната и билатерална соработка во угостителството;
- Поддршка на туристичките дестинации и угостителските објекти надвор од туристичка сезона;
- Поддршка на угостителските објекти за подобрување на пристап за лица со хендикеп;
- Конкурентна бизнис клима за раст на бројот на мали и средни претпријатија и нови работни места од областа на угостителството;
- Натамошен развој на активниот туризам како потенцијал за силен локален економски развој;
- Изготвување на Национална стратегија за развој на угостителството 2025-2030 година.
4. Креирање единствен внатрешен пазар
- Унапредување на заштитата на потрошувачите со натамошна хаармонизација на Законот за заштита на потрошувачите;
- Eфикасно спроведување на правото во делот на заштита на потрошувачите;
- Постигнување на поголема едуцираност на потрошувачите за остварување на нивните права, запознавање на трговците со правата и обврските и начинот на заштита на економските интереси;
- Зголемување на довербата на потрошувачите према трговците на стоки и услуги;
- Правна заштита на потрошувачите при склучување на договори за потрошувачки кредити како потрошувач;
- Усогласување на националното техничко законодавство од областа на возилата со техничкото законодавство за возилата на ЕУ за регулирање на внатрешниот пазар, согласно ЕУ регулативата.
5.Развивање ефективна внатрешна трговска политика
- Создавање поволна деловна клима со политики на соработка со бизнис-секторот, недискриминација, зголемена ефикасност и транспарентност на институциите и целосно почитување на правната држава;
- Креирање политики за внатрешната трговија, уредување на правилата и мерките за спречување наметнување нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување, уредување на условите и начинот за вршење на внатрешната трговија, како и мерките за забрани и ограничување на вршење на трговијата, следење и анализа на движењето на прометот во трговијата на големо и во трговијата на мало, движењата, состојбите и појавите на пазарот на основните прехранбени производи, влијанието на мерките на економската политика врз движењата на пазарот и односите на пазарот, снабдувањето на пазарот со непрехранбени и прехранбени производи за широка потрошувачка, следење и анализа на движењето на цените на пазарот, и предлагање мерки за системски и други решенија;
- Зајакнување на процесот на планирање, подготвување и следење на реализацијата на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА) како основен стратешки програмски документ во процесот на усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија, во делот Право на основање и слобода на давање услуги.
6.Пазар на трудот
- Поттикнување на вработувањето преку создавање на пристојни работни места, креирање на политики согласно европските практики и развој на социјален дијалог и заштита на работничките права;
- Зголемување на стапката на вработеност и намалување на невработеноста;
- Подобрување на правата на работниците преку усогласено трудово законодавство согласно ЕУ директивите и конвенциите на МОТ
- Фер, транспарентен и отворен социјален дијалог помеѓу бизнис заедницата и синдикатите
- Активација на ранливи групи на пазарот на трудот;
- Намалување на неформалната економија;
- Унапредување на систем за безбедност и здравје при работа и заштита на правата на работниците, како и зголемување на капацитетите за нивна имплементација.