Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи и од областа на безбедност и здравје при работа при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за труд и социјална политика, Комисијата за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ бр. 20-6486/2 од 08.10.2024 година и Известување со број 20-6878/2 од 25.10.2024 година по поднесени барања за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител. Поради тоа писменото се објавува на интернет страницата на министерството, за:
1. ДПТУ Примавера 2023 Скопје, со седиште на бул. “Кочо Рацин” бр.14, Скопје како правно лице,
2. Илија Наков, со адреса на живеење на ул. ,,Томе Арсовски“ бр.17/1-8, Скопје, како одговорно лице во правно лице правно лице.
3.Пеце Мирчевски, со адреса на живеење на ул. ,,Букурешка“ бр.12/1-29, Скопје, Карпош како одговорно лице во СОЗР во време на сторување на прекршок.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев“ бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисија за одлучување по прекршок од областа на работните односи