Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи (*) е подготвен врз основа на целосно хармонизирање со Директивата (ЕУ) 2019/633 на Eвропскиот парламент и на Советот од 17 април 2019 година за нефер трговски практики во односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна, кој треба да обезбеди примена на трговски практики во целокупниот синџир на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, како и во поглед на поширокиот опсег на неговиот предмет на уредување.
Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики.
Силата на супериорна преговарачка моќ е регулирана во прагови на остварен вкупен годишен приход од продажбата на производи и услуги искажан во годишната сметка и во годишниот финански извештај, односно билансот на успех на купувачот и добавувачот, кои детално се објаснети во членот 6 на законот.
Со тоа се ограничува злоупотреба на супериорната преговарачка моќ при регулирање на договорните односи.
Законот ги опфаќа сите учесници во синџирот на снабдување–, производители, откупувачи и/или преработувачи, трговци на големи и трговци на мало, во договорни односи односно (добавувачи и купувачи), јавните органи кои се купувачи, кои како правни или физички лице се основани во Република Северна Македонија.
Во Известувањето (во прилог) за примена на Законот, се објаснети мандаторните обврски за условите за задолжително склучување на договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи, преоден период на примена на договори кои се склучени пред велгување во сила на овој закон, роковите за плаќање, роковите за испорака, надлежна институција за надзор на законот, прекршочните одредби и висината на глоба, итд.
АНЕКС 1 кон Договорот за функционирање на Европската Унија (член 38)
ЛИНК - КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА: https://kzk.gov.mk/