Правната и институционалната заштита на потрошувачите претставува една од важните компоненти на економскиот развој. Политиката за заштита на потрошувачите во Република Северна Македонија има хоризонтална димензија, односно опфаќа голем број министерства, државни и јавни институции, единици на локална самоупрва и здруженија на граѓани. Политиката за заштита на потрошувачите која во голем дел се спроведува преку соодветна правна регулатива и програми на национално и на локално ниво, претставува механизам за унапредување на конкуренцијата и за остварување на подобар квалитет во секојдневното живеење на граѓаните – потрошувачи.
ЗАШТИТАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ:
- Хармонизација на правната рамка со правото на ЕУ
- Спроведување на правната рамка на национално и на локално ниво
- Креирање на потрошувачки политики на национално и на локално ниво
- Информирање, едукација и заштита на интересите на потрошувачите
КОИ Е ОДГОВОРЕН ЗА ЗАШТИТАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ?
- Државата со нејзините органи и тела
- Единиците на локалната самоуправа
- Независните регулаторни институции на јавниот сектор
- Граѓанските здруженија
СИСТЕМ НА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
СОВЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ПРИ ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СОВЕТИ ПРИ ОПШТИНИТЕ
СОВЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ НА ВЛАДАТА НА РСМ
Совет за заштита на потрошувачите на ВРСМ го сочинуваат 13 члена од претставници на органите на државната управа чии надлежности се поврзани со заштита на потрошувачите, здруженијата за заштита на правата на потрошувачите и стопанските комори.
Советот во основа се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права. Советот ја проучува постојната правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите, ја следи реализацијата на Програмата за заштита на потрошувачите и предлага на Владата на Република Северна Македонија мерки за нејзино остварување.
СОВЕТИ НА ПОТРОШУВАЧИ НА НИВО НА ОПШТИНИ, ОДНОСНО ГРАД СКОПЈЕ
Заштитата на потрошувачите на ниво на општина, односно на Градот Скопје, се остварува преку Совет за заштита за потрошувачите на општината, односно Градот Скопје. Советите за заштита на потрошувачите се конституираат како постојани работни тела на советите на општините, односно Градот Скопје.
Советите на локално ниво разгледуваат прашања и утврдуват предлози коишто се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните претпријатија, се грижат за решавање на проблемите што граѓаните ги имаат при користење на услугите од страна на јавните претпријатија, како и установите што вршат јавни услуги, се грижат за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги спрема корисниците на услуги и организираат јавни трибини и други форми на учество на граѓаните, на кои се расправа за унапредување на заштитата на потрошувачите. Советите предлагаат едногодишна Програма за заштита на потрошувачите и се грижат за нејзина имплементација.
Советите за заштита на потрошувачите остваруваат редовни контакти и соработка со Советот за заштита на потрошувачите формиран од Владата на Република Северна Македонија.
МИНИСТЕРСТВА И ОРГАНИ ВО СОСТАВ
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА (economy.gov.mk)
Министерство за економија е директно одговорно за спроведување на политиката за заштита на потрошувачите со цел обезбедување на високи стандарди за заштита на потрошувачите на начин со кој се заштитуваат економските интереси на потрошувачите, се овозможува информирање и едуцирање на потрошувачите и се утврдуваат едноставни процедури за решавање на поплаките на потрошувачите. Министерство за економија ја предлага Програмата за заштита на потрошувачите со мерки и активности кои се реализираат од институциите носители на политиката за заштитата на потрошувачите, вклучени во Програмата, а се насочени кон подобра информираност на потрошувачите и бизнис секторот за правата на потрошувачите и нивната заштита.
Во рамките на Министерството за економија делува Секторот за внатрешен пазар во чиј состав е Одделението за заштита на потрошувачите. Ова одделение помага во креирањето на политиките за заштита на потрошувачите во тесна соработка со политиките на оние министерства и институции во Република Северна Македонија во чија надлежност е заштитата на потрошувачите.
Кога како потрошувач сакате да ги остварите Вашите права во доменот на трговијата, туризмот, угостителството и општата безбедност на производи обратете се до:
ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ (ДПИ) (dpi.gov.mk)
ДПИ е орган во состав на Министерството за економија кој врши инспекциски надзор над примената на законите, другите прописи и акти од страна на трговските друштва давателите на јавни услуги, други правни и физички лица, како и граѓаните кои вршат дејност на територијата на Република Северна Македонија, а кои најчесто се однесуваат на безбедноста на производите, заштитата на потрошувачите (истакнување на цените, гаранција за стоките, продажни поттикнувања), дејностите од областа на трговијата, угостителството, туризмот, занаетчиството, заштитата на правата од индустриска сопственост.
Доколку сте оштетени од одредени производи и услуги од горенаведените области, како потрошувач можете да се обратите до Државниот пазарен инспекторат кој ќе спроведе инспекциски надзор и ќе Ви помогне во остварувањето на вашите права.
Вашата пријава можете да ја поднесете телефонски на 02 3220 547 или 02/191, лично во просториите на ДПИ на ул. Луј Пастер број 1 спрат 3, или online на следниот линк https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/prijava-od-gragjani
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО (moh.gov.mk)
Кога сметате дека се повредени Вашите права од здравствена заштита, вашите права како пациент или Ви се повредени правата како потрошувач по однос на здравстената безбедност и исправност на детските играчки, козметички производи или производи за општа употреба обратете се до:
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) dszi.gov.mk
ДСЗИ е орган во составот на Министерството за здравство и врши инспекциски надзор над спроведувањето на прописите од областа на здравството, поточно од областа на здравствената заштита, заштита на населението од заразни болести, здравственото осигурување, заштита на правата на пациентите и правата од областа на менталното здравје, евиденциите од областа на здравството...
ДСЗИ врши инспекциски надзор над детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба при увоз, производство и промет.
Доколку сметате дека се повредени вашите права од здравствена заштита, вашите права како пациент или како потрошувач по однос на надлежностите на ДСЗИ, потребно е да пријавите во Државниот санитарен и здравствен инспекторат телефонски на 02 3121 146, лично на ул.50 та Дивизија бр.14 по електронска пошта infodszi@zdravstvo.gov.mk или на web страна на ДСЗИ на следниот линк https://dszi.gov.mk/obrasci/ .
РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА И ДРУГИ НЕЗАВИСНИ ИНСТИТУЦИИ
АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО (АХВ) (fva.gov.mk)
АХВ функционира како единствен надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојба на животните. АХВ се грижи за заштита на здравјето на потрошувачите со интегриран пристап во контролата на безбедност на храна според принципот „ од нива до трпеза “.
Доколку како потрошувач сте купиле расипан прехранбен производ, сте затекнале прехранбени производ со поминат рок, се сомневате во нивната безбедност или ако сте се соочиле со каква било неправилност во овој домен, случајот може да го пријавите во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде што е формирано посебно Одделение за заштита на потрошувачите.
Вашата пријава можете да поднесете телефонски на бесплатната линија за потрошувачи 0800 3 2222 лично во просториите на АХВ на ул. 3-та Македонска бригада бр.20, на е mail info@fva.gov.mk или на веб страна на следниот линк https://fva.gov.mk/mk/contact/kontaktirajte_ne
АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ И МЕДИЦИНСКИ СРЕДСТВА (МАЛМЕД) (malmed.gov.mk)
МАЛМЕД ја следи состојбата со снабдувањето со лекови, помошни лековити средства, медицински средства. Доколку се соочите со каква било неправилност во однос на продажбата на лекови, медицински средства, опојни дроги и отрови и нивно производство, може да се обратите во Агенцијата за лекови и медицински средства.
Вашата пријава можете да ја поднесете телефонски на тел. 02 5112 394, лично на ул. Свети Кирил и Методиј бр.54 кат 1 или на е-маил: info@malmed.gov.mk , contact@malmed.gov.mk
Доколку имате проблем со електронските комуникации, односно услугите на мобилна телефонија, фиксната телефонија, интернет и телевизија треба да се обратите до:
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ (АЕК) (aec.mk)
АЕК има задача да создаде поволни услови за ефективна и одржлива конкуренција на пазарот на електронски комуникациски услуги со максимално почитување и заштита на правата на крајните корисници и е надлежно регулаторно тело во овој домен. Во составот на АЕК е формирано Оделение за решавање на спорови како и Оделение за грижа на корисници кои го спроведуваат Законот за електронски комуникации.
Доколку постојано ви паѓа мрежата, брзо ви се троши интернетот, имате необјасниво висока сметка, подолго време немате телевизиски прием или се соочувате со сличен проблем, прво треба да се обратите со писмен Приговор до давателот на услугата со кој имате склучено претплатнички договор, односно до операторот, а потоа, доколку не сте задоволни од неговата одлука или не добиете одговор, имате можност да се обратите во Агенцијата за електронски комуникации со Барање за решавање на спор помеѓу оператор и крајниот корисник.
Како потрошувач/корисник може да се обратите телефонски до контакт центарот на АЕК со бесплатен повик на бројот „190“ или електронски на следните email адреси contact@aec.mk , komuniciraj@aec.mk .
Доколку како потрошувач сметата дека вашите лични податоци се прекумерно користени или истите се злоупотребени обратете се до:
АГЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (АЗЛП) (azlp.mk)
АЗЛП e надлежна за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита, на територијата на Република Северна Македонија.
Доколку како потрошувач сметате дека ви се земаат повеќе лични податоци отколку што е потребно при склучување на некој договор или сметате дека вашите лични податоци се злоупотребени, обратете се до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) 02 3230 635 лично на бул. Гоце Делчев бр.18, преку електронскa пошта на info@privacy.mk или дирекно на нивната веб страна преку следниот линк https://azlp.mk/gragjani/nasoki
Доколку имате проблем со управителот на зградата во која живеете или со формираната заедницата на сопственици или имaте некој друг проблем поврзан со домувањето обратете се до:
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ (РКД) (rkd.gov.mk)
РКД е надлежна за издавање, менување и одземање на лиценци на управители, води регистар на управители на згради и посредува во разрешување на спорови помеѓу станари и управители.
Доколку сметките за одржување на зградата не ви ги доставуваат, сметате дека се превисоки или се соочувате со друг сличен проблем, најпрво треба да се обратите до вашиот управител на зградата, но доколку тој не ви излезе во пресрет, може да се обратите во Регулаторната комисија за домување, тел. 02 30 70 746 лично на ул. Руѓер Бошковиќ, бб - 1000 Скопје, на елекронски на следниот линк https://www.rkd.gov.mk/mk/kontakt%20%20
Доколку како потрошувач имате проблем со квалитетот на електричната и топлинска енергија, испорака на вода, високи сметки, нередовно читање на струјомерите и водомерите обратете се до:
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕРИКА И ВОДНИ УСЛУГИ (РКЕ) (erc.org.mk)
РКЕ ги решава споровите на потрошувачите против снабдувачите кои имаат обврска за обезбедување на јавна или универзална услуга, како и против снабдувачите во врска со:
- квалитетот на услугата во снабдувањето,
- ограничувањето или оневозможувањето на правото за промена на снабдувач,
- пресметката на потрошената енергија и износот на сметката
Претставките до РКЕ потрошувачите можат да ги достават телефонски на 02 3233 580 по електронска пошта potrosuvaci@erc.org.mk лично во просториите на РКЕ на ул.Македонија бр.25 Палата Лазар Поп Трајков 6 кат или на нивната веб страна на следниот линк https://www.erc.org.mk/prestapka.aspx .
Каде да се обратите доколку сметате дека одредена реклама има штетно влијание врз малолетните деца, односно кога нивото на тонот во позадина на рекламите е превисок или, пак, не се добро означени емисиите за малолетната публика?
АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ (ААВМУ) (avmu.mk)
ААВМУ е самостојно и независно непрофитно регулаторно тело со статус на правно лице со јавни овластувања кое ги штити правата и интересите во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.
Доколку сметате дека одредена реклама има штетно влијание врз малолетните деца, односно кога нивото на тонот во позадина на рекламите е превисок, може да се обратите во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на e-mail: contact@avmu.mk . или на следниот линк https://avmu.mk/gragjani каде постои посебен образец за поднесување претставки до ААВМУ.
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РСМ https://ombudsman.mk/
Народниот правобранител е посебен, стручен и независен орган со овластувања за заштита на правата на граѓаните. Неговото значење и специфичноста на функцијата е токму во начинот на неговото дејствување и однесување. Методот и начинот на дејствување се состои во давање предлози, совети, сугестии, соработка, подучување во насока на остварување на правата на граѓаните.
Доколку сте се соочиле со нереално високи сметки за потрошено количество вода, електрична енергија и реализирани телефонски импулси, повреда на права при засновање претплатнички однос во телефонската мрежа, исклучување од водоводната мрежа и од користење електрична енергија, квалитетот на услугите и висината на надоместоците што ги наплаќаат комуналните претпријатија, можете да доставите поднесок најпрвин до давателот на услугата, потоа и до Народниот правобранител.
Постапката пред Народниот правобранител се иницира со поднесување претставка (поплака, жалба) која може да се достави лично во канцеларијата на Народниот правобранител на ул.Македонија бр.19 за што ќе биде составен записник или по електронска пошта contact@ombudsman.mk
ИНСТИТУЦИИ КОИ ВРШАТ НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ
Доколку како потрошувач имате проблем со услугите на банките, штедилниците, финансиските друштва или осигурителните компании имате можност да се обратите до релевантните институции кои вршат надзор над нивното работење.
НАРОДНА БАНКА НА РСМ (nbrm.mk)
НБРСМ врши надзор врз работењето на банките и штедилниците.
Доклку како потрошувач имате проблем со подигнати кредити, кредитни катжртички, трансакциски сметки и други услуги на банките и штедилниците како и доколку имате потреба од повеќе информаци за заштита на Вашите потрошувачки права при подигање на потрошувачки кредит од банки посетете го следниот линк nbrm.mk/informacii-za-potrosuvacite.nspx
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ (finance.gov.mk)
Министерството за финансии врши надзор врз работењето на финансиските друштва кои нудат потрошувачки кредити.
Доклку имате потреба од повеќе информаци за заштита на вашите потрошувачки права во однос на работење на финансиските друштва кои нудат потрошувачки кредити, како и во однос на законската регулатива од оваа област обратете се телефонски на 02 3255 300 по електронска пошта: finance@finance.gov.mk лично на ул. Даме Груев бр.12 или на следниот линк finance.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82
ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ (dpi.gov.mk)
ДПИ врши надзор врз трговски друштва кои не се регистрирани како финансиски друштва и кои притоа нудат потрошувачки кредити.
Доколку како потрошувач имате проблем со потрошувачки кредит кој сте го зеле за купување на одредени производи од одреден трговец може да се обратите до Државен пазарен инспекторат на следниот https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/prijava-od-gragjani
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО (АСО)
АСО спроведува супервизија над друштва за осигурување, осигурителни брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување, банки кои вршат работи на застапување во осигурување, осигурителни брокери и застапници во осигурување, правни лица кои се поврзани со друштва за осигурување и Националното биро за осигурување.
Претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување се поднесува со цел заштита и остварување на правата и интересите на осигурениците, корисниците на осигурување и трети оштетени лица.
Осигурениците, корисниците на осигурување и трети оштетени лица имаат право да поднесат претставка до АСО за работата на друштвата за осигурување и/или реосигурување, осигурително брокерските друштва, друштвата за застапување во осигурување, застапниците во осигурување и Националното биро за осигурување ( Субјекти).
Доколку лицата не можат да ги остварат своите права согласно договорот за осигурување (полисата) или нивните права се загрозени со активност од страна на Субјектите, потребно е прво писмено да се обратат до истите. Доколку не се задоволни од одговорот или Субјектот не ги извести во рок од 30 дена, тогаш имаат право да поднесат претставка до АСО.
Претсавката можете да поднесете на следните начини:
- во писмена форма (непосредно во АСО или по пошта);
- во електронска форма на pretstavki@aso.mk, или електронски на следниот линк https://edukacija.aso.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d1%81%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%ba%d0%b0/
- лично во АСО со изготвување на записник на ул.Македонија бр.25 Палата Лазар Поп Трајков
- Телефонски на 3 254 053, 3 254 076, 3 254 077.
ОРГАНИЗАЦИИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ КОИ ГИ ШТИТАТ ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Организациите на потрошувачи ги застапуваат интересите на потрошувачите на национално и локално ниво, работат на подигање на јавната свест преку информирање, советување и едукација како и на унапредување и имплементација на соодветна законска регулатива и потрошувачка политика.
Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ул. 50- та Дивизија бр.10А 1000 Скопје, тел./ факс: 3179 - 592; тел.3212-440 www.opm.org.mk e-mail: opm@opm.org.mk sovetuvanja@opm.org.mk
Организација на потрошувачите Битола ул. Ул. Бул. 1-ви мај бр.204 – 12А, 7000 Битола тел./факс: 047/228 246 e-mail: opbitola@yahoo.com
Организација на потрошувачите Охрид ул. Егејска 101А моб. 071 211 811 6000 Охрид, e – mail: opmohrid@gmail.com
Организација на потрошувачите Штип ул. Васил Главинов бб, 2000 Штип , моб.077 963 841 e – mail: opmstip@hotmail.com
Организација на потрошувачите Кочани ул. Раде Кратовче бр.1, 2300 Кочани моб. 071 227 507 e – mail: potrosuvaci@kocani.gov.mk
Организација на потрошувачите Тетово ул. ЈНА бб 1200 Тетово моб. 070 487 309 e – mail: o_ptetovo@hotmail.com