Државниот секретар на Министерството за економија и труд, г-дин Јумни Адеми, учествуваше на Самитот за балканска економија – Румелисијад, каде што во своето обраќање ги истакна поволностите кои Република Северна Македонија ги нуди за странските инвеститори и развој на бизнис климата.
Во своето излагање, г-дин Адеми посочи дека Северна Македонија претставува атрактивна дестинација за инвестирање, благодарение на следните клучни предности:
- Стратешка географска положба – Земјата се наоѓа на крстосница на два главни европски транспортни коридори, што овозможува брз и ефикасен пристап до европските и регионалните пазари.
- Либерализирана надворешна трговија – Со голем број потпишани билатерални договори, локалните компании имаат слободен пристап до Европската Унија и други глобални пазари.
- Макроекономска стабилност – Со една од најниските стапки на инфлација во регионот и стабилна валута, земјата обезбедува предвидливо деловно опкружување.
- Конкурентен даночен систем – Една од најниските стапки на данок на добивка во светот, како и специјални поволности во технолошко-индустриските развојни зони, вклучително и ослободување од персонален данок на доход, ДДВ, царини и други давачки.
- Квалификувана и конкурентна работна сила – Северна Македонија располага со добро обучени кадри и е една од најконкурентните земји во регионот по однос на трошоците за работна сила.
- Проактивен пристап на Владата кон инвеститорите – Владата покажува висока отвореност и подготвеност за поддршка на нови инвестиции.
- Членство во НАТО и кандидатски статус за ЕУ – Политичката и безбедносна стабилност придонесуваат кон предвидлива деловна клима.
- Дигитализација на процесите – Висок степен на дигитални алатки во деловното работење и администрацијата, што овозможува ефикасна комуникација и управување со процеси.
Овие фактори ја позиционираат Северна Македонија како сигурен и конкурентен партнер за странски инвеститори и бизниси кои бараат стабилна и поволна бизнис средина во регионот.