Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот Секретар на Министерството за економија и труд г-дин Јумни Адеми учествуваше на завршната конференција на проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“

Државниот Секретар на Министерството за економија и труд г-дин Јумни Адеми учествуваше на завршната конференција на проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“

Државниот Секретар на Министерството за економија и труд г-дин Јумни Адеми учествуваше на завршната конференција на проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“ кој се одржиана 12 мај (понеделник) во Хотел Александар Палас со почеток во 10:00 часот, каде што беше присутна и г-ѓа Марија Канелопуло претставничка на Европска делегација во Скопје, настан на кој беа присутни  над 80 претставници на Институциите крајни корисници на ИПА проектот од (Министерство за економија и труд, ДПИ, ДИТИ, МАЛМЕД, БМ).

 

Г-динот Јуни Адеми во неговиот говор ја потенцираше исклучителната важноста на подготвеноста на Националните Институции во процесот на пристапување кон ЕУ, каде меѓудругото кажа „ Промените што ги поддржа проектот се од исклучителна важност за процесот на подготвеност за пристапување кон ЕУ. Тие не се ниту далечни ниту пак апстрактни. Тие се директно поврзани со начинот на кој ја регулираме нашата економија, ги заштитуваме нашите потрошувачи и комуницираме со европските пазари. Ова го обликува начинот на кој работат институциите, потоа како растат бизнисите и како граѓаните се чувствуваат заштитени како потрошувачи.

 

Преку оваа техничка помош, презедовме важни чекори за усогласување на нашата законска рамка со законодавството на ЕУ во области како што се слободното движење на стоки и услуги, трговското право, сметководството и надзорот на пазарот. Можеби уште позначајно е тоа што инвестиравме во луѓето и институциите што ќе овозможи продолжување на реформите„.

Мени за пристапност