Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Дурмиши оствари средба со вработените во Министерството за економија и труд

Министерот Дурмиши оствари средба со вработените во Министерството за економија и труд

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со државните советници и раководители на сектори и вработените во Министерството за економија и труд.

 

Состанокот се одржа со цел министерот Дурмиши да се запознае со вработените и со надлежностите и делокругот на работа на Министерството за економија и труд.

 

Министерот Дурмиши пред вработените истакна дека главниот фокус на новото министерство сега ќе биде поддршката на компаниите и индустријата, креирање на мерки за подобрување на бизнис климата, како и подобрување на правата на работниците и животниот стандард на граѓаните.

 

Побара од вработените со заеднички напори да работат за остварување на овие цели, се со цел бенефит да имаат сите граѓани во државата.

Мени за пристапност