Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Ристески: Поголема продуктивност на домашните компании е една од најважните компоненти за силна и стабилна економија

Ристески: Поголема продуктивност на домашните компании е една од најважните компоненти за силна и стабилна економија

Создавање на услови за поголема продуктивност на домашните компании, како и идентификување на предизвиците со кои се соочуваат во нивното работење беа дел од темите за кои говореше заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески на националната конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“ во организација на Организацијата на работодавачи на Македонија. 

 

„Владата и министерството за економија и труд напорно работат на подобрување на бизнис климата во нашата држава, преку реализирање на голем број на реформи и мерки, како во помагање на компаниите и стопанството преку обезбедување на пристап до нови извори на финансиски средства по поволни услови, така и преку отстранување на сите бариери и пречки кои постојат во нашето општество и институции“ – кажа заменик-министерот Ристески. 

 

Ристески се осврна на активностите кои ги превзема Владата и министерствата за поддршка на домашните компании и подобрување на нивната продуктивност, а како најважни ги издвои финансиската поддршка и обезбедувањето на средства за инвестиции на компаниите преку унгарскиот заем во висина од 250 милиони евра по исклучително поволни услови, бескомпромисната борба против корупцијата, како и реформите во регулативата и дигитализацијата на услугите на јавните институции во насока на намалување на административните процедури и забрзување на економските процеси. 

 

Во рамки на конференцијата, која се организира по повод 20 годишнината од формирањето на Организацијата на работодавачи на Македонија, пред присутните беа презентирани наодите од истражувањето на тема “Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност”.

Мени за пристапност