Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Дурмиши со британскиот амбасадор Лосон: Ќе работиме на интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство

Средба на министерот Дурмиши со британскиот амбасадор Лосон: Ќе работиме на интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство

Министерот економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон.

 

На средбата се разговараше за досегашните и тековни активности на министерството, како и за соработката и поддршката од страна на Британската амбасада во нашата држава

 

Министерот Дурмиши кажа дека Обединетото Кралство е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа на 2-то место од земјите со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Трговската размена помеѓу двете земји бележи континуиран раст, а тоа се должи во најголем дел на значајните британски компании кои работат и во слободните зони, но и надвор од нив.

 

“Радува податокот дека за 10 години вкупните странски инвестициите од Обединето Кралство во Република Северна Македонија изнесуваат износ од 508,8 милиони евра, што ја прави Обединето Кралство земја која е еден од најголемите инвеститори. За нас како министерство за економија и труд во чија надлежност се условите за работа на странските инвеститори од голема важност е да работиме на подобрување на деловната клима, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст“ кажа министерот Дурмиши.

 

Министерот Дурмиши се заблагодари на поддршката која што континуирано ја добива Северна Македонија од владата на Обединтетото Кралство пред се преку поддршка во реформите и во развојниот процес на патот кон полноправно членство во ЕУ.

 

Двајцата соговорници се согласија дека заеднички ќе работат трендот на соработка кој го имаат двете земји да продолжи и да се интензивира во сите области, со крајна цел забрзување на процесот на влез на Северна Македонија во ЕУ.

Мени за пристапност