Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Дурмиши со грчката амбасадорка Филипиду: Со продлабочувањето на економската соработка со Грција бенефит ќе имаат граѓаните од двете земји

Средба на министерот Дурмиши со грчката амбасадорка Филипиду: Со продлабочувањето на економската соработка со Грција бенефит ќе имаат граѓаните од двете земји

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретна со  амбасадорката на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.

 

Министерот и амбасадорката разговараа за можностите за продлабочување на трговската размена меѓу двете земји.

 

Министерот Дурмиши ја информираше амбасадаорката за новирт надлежности на Министерството за економија и труд согласно реорганизацијата на институциите и истакна дека сега поголем фокус ќе се дава на подобрување на бизнис климата за домашните и странските инвеститори и подобрување на пазарот на труд.

 

Министерот Дурмиши кажа дека согласно податоците Грција е рангирана на петто место како земја со која Северна Македонја остварува најголема трговска размена, а само за 10 години заклучно со 2023 година вкупните инвестиции од Грција во Северна Македонија изнесуваат  445 милиони евра, што значи дека Грција е еден од нашите најголеми инвеститори и трговски партнери.

 

Министерот и амбасадорката се согласија дека зголемување на соработката помеѓу двете соседни земји, продлабочување на добрососедските односи, ќе донесе напредок и стабилност на целиот регион, а бенефит ќе имаат граѓаните на двете земји.

Мени за пристапност