Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Ден на независноста“, 8 септември (понеделник) 2025 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за економија и труд на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста.