Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соопштение за неработен ден

Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Велики Петок“, 18 април (петок) 2025 година е неработен ден за припадниците на православната вероисповед во Република Северна Македонија.

 

Празникот „Велигден, вториот ден на Велигден“, 21 април (понеделник) 2025 година, што оваа година, според православниот и католичкиот календар, паѓа во ист ден, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

 

Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот на припадниците на православната и католичката заедница во Република Северна Македонија.

Мени за пристапност