Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соопштение за неработен ден

Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Духовден“, 06 јуни (петок), петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед на Република Северна Македонија.

 

Истовремено, согласно истиот закон, а по повод празникот „Курбан Бајрам“, 06 јуни (петок), првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден и за граѓаните од муслиманската вероисповед на Република Северна Македонија.

 

Министерството за економија и труд им ги честита празниците на граѓаните на Република Северна Македонија коишто ги чествуваат и ги слават празниците „Духовден“ и „Курбан Бајрам“

Мени за пристапност