Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЕСРП 2020 - Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика

Република Македонија, како земја-кандидат за членство во Европската унија, во тесна соработка и координација со Европската комисија, од 2015 година го отпочна новиот стратешки механизам на социјално-економскиот дијалог по однос на приоритетите и реформите во областа на пазарот на труд, вработувањето, образованието и социјалната политика. Со тоа и Република Македонија како трета земја од регионот, заедно со Република Србија и Црна Гора, се вклучи во овој стратешки процес, заснован на Стратегијата за проширување на Унијата.Во рамките на оваа заедничка иницијатива помеѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија, отпочна и подготовката на значајниот стратешки документ, т.н. Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика 2020 – ЕСРП (Employment and Social Reform Programme 2020). Подготовката на овој документ, од страна на Европската комисија беше утврдена како еден инклузивен и партиципативен стратешки процес, кој ќе го следи и придружува процесот на Европска интеграција на земјите-кандидати и ќе претставува значаен механизам на взаемен дијалог преку утврдување и редовно следење на приоритетите во опфатените области и кој ќе биде структуриран по моделот на Стратегијата на Европската унија „Европа 2020“.  

Процесот на подготовка на ЕСРП Програмата во Република Македонија започна во 2015 година.  Поради неопходноста од мултисекторски пристап и ефикасна координација/соработка помеѓу различните субјекти, во февруари 2015 год. се формираше посебна Меѓуресорска работна група за подготовка на „Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика“, составена од претставници од сите релевантни институции кои учествуваат во креирањето, спроведувањето и следењето на политиките опфатени со Програмата. Работата на Меѓуресорската работна група и целокупниот процес на подготовка на Програмата ја координираше Министерството за труд и социјална политика.

Процесот на изготвување на ЕСРП Програмата беше отворен и партиципативен, проследен со интензивни консултации со повеќе релевантни субјекти кои на различни начини и на различни нивоа учествуваат во креирањето, спроведувањето и/или следењето на политиките од областите опфатени со Програмата. При подготовката на документот се остварија консултации со социјалните партнери, со претставници на граѓанското општество, со претставници на релевантните меѓународни организации и развојни партнери, со професори и експерти од областите, кои придонесоа значително да се зголеми квалитетот, релевантноста и репрезентативноста на самиот документ.

Се реализираа неколку циклуси на консултации преку организирање на состанок со репрезентативните социјални партнери (синдикати и организации на работодавачи),  објавување на подготвениот нацрт-текст на ЕСРП Програмата на web-страната на МТСП и упатување на јавен повик за консултации до сите релевантни субјекти, а за финализирање на процесот, во февруари 2017 година, се организираше и еден поширок настан - Конференција „ЕСРП – Консултации и следни чекори“, со која се обезбеди уште една можност да се добијат релевантни мислења, коментари, предлози. Резултатите и инпутите кои беа добиени од спроведениот процес на консултации, потоа беа разгледувани и земани во предвид при финализирањето на документот.

Во текот на подготовката на Програмата, се остваруваа континуирани консултации и соработка со претставниците на Европската комисија (DG EMPL) и на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

„Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика 2020“ е усвоена од страна на Владата на Република Македонија во август 2017 година.

Преземи ЕСРП 2020 (МК): ЕСРП2020_Македонија.pdf

 

Следење на имплементацијата на ЕСРП 2020

 

Мени за пристапност