Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика 2020 (ЕСРП 2020) беше усвоена од Владата на Република Северна Македонија во август 2017 година. По усвојувањето на ЕСРП Програмата, се обезбеди редовно следење и известување за напредокот во имплементацијата на Програмата од страна на Работната група за секторот „Образование, вработување и социјална политика“. Во 2018 година се подготви првиот извештај за следење на спроведувањето на ЕСРП што беше разгледан од Владата на Република Северна Македонија во јули 2018.
Две години по активно спроведување на целите и мерките од ЕСРП 2020, се наметна потребата од нејзина ревизија. Ревизијата беше поттикната од промените во поставеноста на политиките, од кои дел – како тие во сферата на социјалната политика – имаа структурни поместувања; како и од тековните трендови и движења, преку кои се увиде потреба од ревизија на некои од целните вредности во ЕСРП 2020.
Со ревизијата, која започна во јули 2019 се продолжи временската рамка на ЕСРП до 2022 година. ЕСРП претрпе ревизија на содржината, а структурата беше начелно задржана, со цел да обезбеди континуитет во следењето на целните вредности. Ревидираната програма за реформи во вработувањето и социјалната политика 2022 – (р) ЕСРП 2022 ги утврдува реформите и политиките кои во наредниот период ќе се реализираат во рамките на трите приоритетни области и тоа:
1. Пазар на труд и вработување
2. Човечки капитал и вештини и
3. Социјална инклузија и социјална заштита
Во Ревидираната ЕСРП 2022 беше констатиран напредокот во текот на двете години по донесувањето на ЕСРП 2020, што имплицираше значајна ревизија на мерките и целните вредности на индикаторите. Имено, во Ревидираната ЕСРП 2022, за секоја област се издвојуваат и ограничен број насловни, исходни и процесни индикатори за мерење на вкупниот напредок во секоја област на ЕСРП. За сите индикатори се утврдуваат нови целни вредности за 2022.
Целокупниот процес на подготовка на Ревидираната ЕСРП 2022 е реализиран во целосна соработка, координација и консултации помеѓу сите релевантни чинители (државни институции, меѓународни организации и развојни партнери, граѓанското општество и социјалните партнери), пред сè, преку нивното учество во Секторската работна група за „Образование, вработување и социјална политика“. Секторската работна група го разгледа и го усвои документот на петтиот состанок што се одржа на 19.12.2019 и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ја достави Ревидираната ЕСРП 2022 до Владата на Република Северна Македонија за усвојување.
Во подготовката на Ревидираната програма се обезбедија и дополнителни консултации со социјалните партнери и претставници на граѓанското општество активни во областите опфатени со ЕСРП, со цел нивно запознавање со содржината на Ревидираната програма и обезбедување на коментари, забелешки и видувања.
Ревидираната програма за реформи во вработувањето и социјалната политика 2022 е усвоена од страна на Владата на Република Северна Македонија во декември 2019 година.
Преземи (р) ЕСРП 2022 (МК): (р)ЕСРП2022.pdf
Следење на имплементацијата на (р) ЕСРП 2022
- Годишен извештај за 2020 година за имплементација на Ревидираната програма за реформи во вработувањето и социјалната политика–(р) ЕСРП 2022 (MK)
- Годишниот извештај за 2021 година за имплементација на Ревидираната програма за реформи во вработувањето и социјалната политика – (р) ЕСРП 2022 (МК)
- Годишен извештај за 2022 година за имплементација на Ревидираната програма за реформи во вработувањето и социјалната политика-(р) ЕСРП 2022 (МК)