Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

7-ми април, Светски ден на здравјето

7-ми април, Светски ден на здравјето

Почитувани,

7 април e Светскиот ден на здравјето, кој оваа година, Светската здравствена организација го промовира под мотото „Да градиме поправеден, поздрав свет!“.

COVID-19 пандемијата, во услови на пролонгирана здравствена криза, ги покажа здравствените нееднаквости во светот на работата кои се рефлектираат врз сите работници во светот.

Во справување со кризата, во овие тешки и одговорни времиња, клучна улога во одржливоста на здравствениот систем ја имаат здравствените работници кои ги заслужуваат нашата почит и разбирање за вложениот труд и нивната посветеност кон работата.

Колаборативниот центар на СЗО при Институтот за медицина на трудот на Република Северна Македонија, со подготвената презентација на тема „Здравствени работници во услови на КОВИД-19 пандемијата - Повик за акција!“, ја пренесува пораката на Светската здравствена организација за овогодинешниот Светски ден на здравјето, за заедничка поддршка и благодарност до сите здравствени работници во нашата земја и ширум светот.

Презентација.

Мени за пристапност