Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за јавна дискусија и консултации за Нацрт Стратегијата и Акцискиот план за БЗР

   Повик за јавна дискусија и консултации за  Нацрт Стратегијата и Акцискиот план за БЗР

Почитувани,

Министерството за труд и социјална политика ги поканува сите засегнати и заинтересирани страни да ги разгледаат подготвените нацрт-текстови на новата Стратегија за безбедност и здравје при работа 2021-2025 и Акцискиот план за БЗР за периодот 2021-2023 година.

Со Стратегијата и Акцискиот план и во наредниот период се обезбедува континуитет во стратешкиот пристап кон заедничките заложби и активности за унапредување на состојбите во Република Северна Македонија во оваа особено значајна област. 

Согласно новата Стратегија, насоките за подобрување и унапредување на системите за БЗР во периодот до 2025 година, ќе се фокусираат на три основни стратешки приоритети:

1. Јакнење и унапредување на законска рамка во БЗР;

2. Јакнење и унапредување на организациските капацитети и човечки ресурси, и

3.Јакнење и унапредување на способноста за одговор на системите на БЗР на постоечки и новонастанати ризици.

За квалитетни, релевантни, применливи и остварливи документи особено е важно учеството и придонесот на сите засегнати страни кои се вклучени на различни начини во креирањето, имплементацијата и/или следењето на политиките поврзани со безбедноста и здравјето на работниците на работните места.

Ве покануваме, до 11 октомври 2021 год. во писмена форма да ги доставите Вашите забелешки, коментари и пред сè, предлози за подобрување на содржината на нацрт-Стратегијата и Акцискиот план за БЗР, на e-mail адреса:   ddocinski@mtsp.gov.mk  

 

Мени за пристапност